Новости

Спорт

УЕФА го смени форматот на квалификации за ЕП 2021 година

Европската куќа на фудбалот најави промена на критериумите за пласман на У21 Европското првенство во Словенија и Унгарија во 2021 година. Покрај домаќините, место на завршницата требаше да добијат деветте победници од квалификациските групи, најдобрата второпласирана селекција и четири победници од баражите меѓу преостанатите осум второпласирани репрезентации.
Сепак, бараж натпреварите би можеле да бидат укинати и на Европското првенство би се пласирале победниците од квалификациските групи, заедно со уште пет најдобро второпласирани селекции.
Македонија е во група со Шпанија, Израел, Казахстан, Црна Гора и Фарските Острови. По четири одиграни натпревари, избраниците на Милевски освоија седум бода, еден помалку од второпласираниот Израел.

GOLD
To Top