Новости

Спорт

Четврто ново име: Иван Пејаковиќ потпиша за Пелистер

Пелистер се засили со црногорскиот интернационалец Иван Пејаковиќ. Тој доаѓа од редовите на српски Нови Пазар, а претходно играл за црногорските Ловќен, Рудар, Ком, Будуќност и ОФК Петровац.
Овој 27-годишен фудбалер настапува на крилните позиции, а со Будуќност стана шампион на Црна Гора и настапуваше во квалификациите на Лигата на шампионите.
Пејаковиќ е четвртото засилување на Пелистер за новата сезона, после Талески, Илиески и Танушев.

GOLD
To Top