Новости

Останати

Ѓоковиќ ДИСКВАЛИФИКУВАН од УС Опен, ваква ситуација сме немале од 1981 година!

Спортска вест на денот е дисквалификувањето на Новак Ѓоковиќ од УС Опен! Најдобриот светски тенисер направи непромислен потег во првиот сет од осминафиналето против шпанецот Пабло Карењо-Буста.
Српскиот тенисер за време на мечот ги изгуби нервите и без гледање го удри топчето кое ја погоди линиската судијка во вратот. Таа потоа падна на земјата и изгледаше како да има потешкотии со дишењето.
Тука не постоеше намера, но правилата се јасни и во ваква ситуација Ѓоковиќ отпадна од турнирот со дисквалификација.
Со оглед на тоа дека големата тројка во тенисот, Ѓоковиќ, Федерер и Надал доминира со Гренд слем турнирите веќе некое време, поради дисквалификацијата на србинот и тоа што Федерер и Налад воопшто не се на турнирот, имаме ситуација какваа што не сме имале одамна.
Ова е прв Гренд слем од Ролан Гарос во 2004. година во кој Ѓоковиќ, Надал или Федерер нема да игра во четвртфинале. Ова е прв турнир исто така од Австралија Опен во 1981. на кој никој од четвртфиналистите во својата кариера не бил шампион на Гренд слем. Исто така, ова ќе биде прв Гренд слем кој нема да го освои никој од членовите на големата тројка од 2016. кога Стен Вавринка го победи Ѓоковиќ на УС Опен.

GOLD
To Top