Новости

Спорт

Ученикот подобар од учителот!

Првиот натпревар од 27-то коло во Премиер лигата привлече многу внимание, а на теренот донесе многу возбудувања. Веќе медиумски, како и во обложувалниците најголемото прашање беше за победникот меѓу Челзи предводен од Френк Лампард и Тотенхем предводен од бившиот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо кој гостуваше на Семфорд Бриџ со голем број на изостаноци поради повреди и проблеми во составот.
Атмосферата одлична во првиот дел од натпреварот со по една шанса за двете екипи во воведните 15 минути и иницијатива на екипата на Челзи која резултираше со погодок на заборавениот Оливие Жиру кој секогаш е на вистинското место кога ќе ја добие шансата. Топката во посед на домаќините и резултат од 1:0 на полувреме беше исходот по првите 45 минути.
На самиот почеток од вториот дел цела тактика и говор на Мурињо во соблекувалните може да се рече дека пропадна бидејќи по само 3 минути игра Маркус Алонсо по одличниот контра напад на домаќините со силен удар од 20-тина метри ја смести топката во мрежата позади Уго Љорис. Во продолжението следуваше надмудрувања од двете страни и иницијатива на Тотенхем кои повеќе ја задржаа топката во свој посед што е и очекувано, но сепак погодокот за намалување на резултатот дојде многу касно и повеќе на среќен начин по автоголот на Рудигер во 89-тата минута.
Моментот кој го одбележа натпреварот се случи во 52-та минута кога од ВАР одлучија дека нема црвен картон кој инаку би бил неизбежен за грубиот старт на Ло Селсо над Азпиликуета и тоа можеби би ги променило настаните до крајот на натпреварот, но во секој случај заслужена победа на Челзи и момците на Лампард, конечни 2:1.

GOLD
To Top