Новости

Фудбал

Јаневски: Моите фудбалери играа со големо срце

Новиот стратег на Вардар, Чеде Јаневски, задоволен од победата над Фенербахче во Скопје во првиот меч од Лигата на Европа, најави голема борба и на реваншот во Истанбул.

„Резултатот е добар за нас.Игравме против искусен тим, добри бевме во дефанзивата, но правевме грешки кои не смееме да ги повториме и на вториот меч. Сакам да им честитам на играчите кои играа со срце, како и на навивачите кои направија атмосфера. Морам да признаам, головите беа постигнати среќно, со оглед на тоа дека беа на грешки на противникот. Но, оваа победа ни носи позитивна атмосфера. Не смееме да мислиме дека се е готово по овој меч, тоа би било заблуда. Ќе биде тешко во Истанбул, не смее да мислиме дека сме веќе во Лига Европа“, посочи новиот стратег на шампионот.

Вардар викендов го очекуваат првенствени обврски на дуелот со Победа во Скопје, по што почнува главната подготовка за реваншот во Турција.

Евротип
Евротип
To Top