Јаневски: Со искусен тим заминуваме во Москва

Фудбалерите на Вардар отпатуваа за Санкт Петерсбург каде в четврток ќе го одиграат дуелот со домашниот Зенит во рамките на Лига Европа. „Црвено -црните“ беа убедливо поразени во Скопје од рускиот гигант но сметаат дека разликата во квалитет не е толку голема за да не можат да се надигруваат со противникот:
„Ние имаме задача да одиграме добар натпревар во Русија и да потврдиме дека местото ни е во Лига Европа. На пат ќе одат речиси сите расположливи фудбалери кои се фит и ќе се обидеме на Зенит да му се спротиставиме со искусен тим. Тоа е најдобриот тим во групата и ние сме свесни за тешката задача но сепак доколку одиграме одговорно не му оставиме многу простор на противникот за маневар можеме да избориме добар резултат“- изјави пред новинарите во тренинг центарот првиот стратег на Вардар Чеде Јаневски.
Средбата во С. Петерсбург се игра во четврток од 19.00 часот.
