Новости

Фудбал

Јувентус и Реал Мадрид оваа зима подготвуваат голема трампа?

Според денешното издание на Тутоспорт, Јувентус и Реал Мадрид би можеле да ги трампаат Марсело и Алекс Сандро во зимскиот преоден рок.

Иако до стартот на новата година има уште четири месеци, Тутоспорт веќе пишува за нови големи трансфери во Торино.

Изминатиов викенд весникот пишуваше како Погба сака одново да го облече дресот на „Старата Дама“, а вчера ја оживеа и трансфер шпекулацијата која често кружеше ова лето, односно Марсело да му се придружи на добриот пријател Кристијано Роналдо.

Тутоспорт денеска имаше продолжение на оваа сторија и денеска пресе дека „Кралевите“ се спремни да го пуштат Бразилецот во Торино но доколку за возврат го добијат Алекс Сандро. Оваа голема трампа би можеле да се реализира веќе во јануари.

GOLD
To Top