Новости

Фудбал

Јувентус не размислува за враќање на Погба

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратици исклучи можност од враќање на Пол Погба во редовите на италијанскиот шампион.

– Ние го почитуваме, сакаме и сме во комуникација со Погба, но во ниту еден момент не сме размислувале да го вратиме во Торино. Немаме такви амбиции и тој не е во нашите планови, соопшти Партици.

Погба е незадоволен од третманот што го има кај тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, па се шпекулираше за негово враќање во Јувентус.

Оваа сезона италијанскиот првак се засили со Кристијано Роналдо.

GOLD
GoldSlot
To Top