Новости

Фудбал

Јувентус освен Роналдо, доведува уште двајца играчи од Реал Мадрид

Откако што Јувентус го доведе Кристиано Роналдо од Реал Мадрид, управата на „Старата дама“ нема во план да запре само со него.

Имено, актуелниот шампион на Италија сака во своите редови да доведе уште двајца играчи на Реал Мадрид – Марсело и Хамес Родригез. Уште минатото лето Марсело беше голема желба на Јувентус. Се зборуваше дека прашањето е само денот кога Марсело ќе дојде во Торино, меѓутоа, до трансфер не дојде.

Како што пренесува „Tuttosport“, Реал одлучи да го пушти Бразилецот во Јувентус, но во замена за него го бара сонародникот Алекс Сандро. Исто така, Хамес Родригез изразил желба да го напушти Баерн, каде што е на позајмица од Реал Мадрид. Наводно, Мендеш со доаѓањето на Роналдо во Јувентус ја условил управата на „Старата дама“ да го доведе и Колумбиецот во Торино, така да планот е Баерн да го откупи Хамес од Реал, а потоа да го продаде на Јувентус.

Нема сомнеж дека Јувентус со ова дуо во тимот би бил главен кандидат за освојување на Лигата на Шампионите.

GOLD
To Top