Новости

Фудбал

Јувентус победува и кога не игра!

Јувентус официјално ни потврди дека е постигнат договор за намалување на платите на фудбалерите и тренерот за периодот од март до јуни 2020-та година. Додека во другите клубови фудбалерите не сакат да слушнат за такво нешто, фудбалерите на “Старата Дама” со потег кој долго ќе се памти. Од раководството на Јуве соопштија дека е пронајден заеднички јазик, фудбалерите и тренерот на првиот тим прифатиле да се откажат од четири месечни плати, односно од примањата за март, април, мај и јуни. Овој договор ќе резултира со позитивен финансиски ефект од 90 милиони евра, стои во соопштението од клубот. Одличен потег на комплетниот тим.

Во Италија има 92.472 позитивни од коронавирусот, додека 10.023 починале.

GOLD
To Top