Новости

Фудбал

Јунајтед му исплати 16.5 милиони евра, Жозе Мурињо е слободен за нов ангажман

Манчестер јунајтед на Жозе Мурињо му го исплати обесштетувањето од 16.5 милиони евра со што Португалецот е и официјално отпуштен и слободен за нов ангажман, информираат британските медиуми.

-„Не постои никаков проблем со договорот на Жозе Мурињо со Манчестер јунајтед. Жозе е подготвен да преземе некој друг клуб во истиот момент, но тој не брза никаде. Отпуштен е и подготвен да чека до крајиот на сезоната ако биде потребно“ – пренесува „Дејли мејл“.

Португалецот ја напушти клупата на Манчестер јунајтед на 18 декември поради очајните резултати на стартот од сезоната.

Муртињо го бараат неколку европски гиганти, но за „специјалниот“ има и богати не-европски понуди. Според неговите афинитети и амбиции најреална опција е дека тој наскоро одново ќе го преземе кормилото во Реал Мадрид.

А додека ги разгледува понудите, Мурињо овој месец ќе биде ангажиран како стручен коментатор во Катар за време на Азиските игри.

Евротип
SNBROKER
To Top