Новости

Фудбал

Албанците пристигнаа во Струмица, Панучи спрема дефанзивна тактика

Селекцијата на Албанија е веќе во нашава земја. Таа ќе се подготвува за утрешното гостување во продолжението од квалификациите за СП.

Според албанските медиуми, Армандо Садику ќе биде подготвен да се појави во стартниот тим за утрешниот меч, иако имаше повреда. Од медицинскиот тим на албанската репрезентација потврдиле дека 99% од рехабилитацијата на Садику е успешна и тој ќе му биде на располагање на селекторот Панучи.

Новиот албански селектор за дуелот со Македонија утре најверојатно ќе излезе со формација 4-1-4-1, а овој пат Кукели веројатно ќе игра малку пред последната одбрандбена линија, додека во средниот ред ќе бидат Мемушај, Абраши, Роши и Љуљаку. Нападот ќе биде резервиран за Садику.

Евротип
Евротип
To Top