Новости

Фудбал

Алиоски стрелец, Лидс го совлада Мидлзброу

Фудбалерите на Лидс го совладаа Мидлзброу 2-1 (1-0) во рамките на 17.коло во Чемпионшип дивизијата. Во само втората победа за Лидс на последните шест натпревари стрелец на вториот гол беше македонскиот репрезентативец Егзџан Алиоски.

Во дербито на колото Алиоски постигна гол во 55.минута, кога на вистински начин ја заврши акцијата на Рофи и Хернандез.

Алиоски играше до 95.минута, кога на неговото место влезе дефанзивецот Пенингтон.

GOLD
To Top