Новости

Фудбал

Ал Саад ќе биде ривалот на Вардар во малото финале во Доха

Ракометарите на Вардар денеска ќе го одиграат мечот за 3. место на „Супер Глоуб“ турнирот во Доха, Катар. Противник ќе биде домашниот тим Ал Саад.

И двата тима вчера беа поразени во полуфиналето. Вардар загуби од Барселона, додека екипата на Ал Саад беше поразена од германски Фухсе Берлин.

Европскиот шампион не ја искористи можност ада се бори за уште еден трофеј во оваа ракометна сезона. Во битка за трофејот денеска каталонците влегуваат како големи фаворити и ќе се обидат да ја почнат новата сезона со одличје.

Мечот за 3. место стартува во 16 часот, додека финалето ќе се одигра по 18 часот.

Евротип
SNBROKER
To Top