Новости

Фудбал

Ангеловски: Пандев и натаму ќе го носи дресот на репрезентацијата

Нашата најдобра фудбалска репрезентација со убедлив триумф против Лихтенштајн со 4-0 го заврши циклусот квалификации за Мундијалот во Русија.

Селекторот, Игор Ангеловски, по вчерашниот меч во Струмица потенцира дека ќе направи се што може за да го задржи Горан Пандев во националната селекција.

„Враќањето на Пандев е една од причините за добрите партии. Тој е голем човек и јас ќе направам се што можам за да го натерам да го носи и понатаму националниот дрес“ вели Ангеловски.

 

Евротип
Евротип
To Top