Новости

Фудбал

Ангеловски: Седлоски со правилните замени го доби мечот

Селекторот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, кој вчера во Струмица го следеше реваншот меѓу Вардар и Малме во 2 елиминациско коло во Лигата на шампионите, вели дека тренерот на Вардарци направил одлична замена во вториот дел.

„Гоце Седлоски го доби мечот поради замената Глигоров – Блажевски. Тогаш Николов се врати во маневарската линија а Блажевски донесе свежина во нападот. Да се победи Малме со 3:1 е голема работа“ вели Ангеловски.

„Секако дека ова е голем успех и на македонскиот фудбал. Посакувам Вардар, Шкендија и Работнички и понатаму да не радуваат со добри резултати и успеси во Европа“ истакнал селекторот Ангеловски.

Евротип
Евротип
To Top