Новости

Фудбал

Ангеловски: Третото место е најава за нешто уште поубаво, успех во баражот за Европското првенство

Македонија со победа од 1:0 против Израел ги заврши квалификациите на третото место за ЕВРО 2020. За нашиот најдобар национален тим пласманот е најдобар во историјата во квалификации за големо натпреварување.

Селекторот Ангеловски вели дека можевме и повеќе, следува најубавото, баражот за ЕП против Косово.

„Групата не беше лесна, ние стигнавме до третото место, Полска и Австрија постигнаа резултати какви што очекуваа. Не сум задоволен од постигнатото, можевме и повеќе, се надевам дека во следните квалификации ќе бидеме втори. Ништо не направивме со тоа што сме трети, треба да се подготвиме за она најважното, мечот со Косово, да направиме се да стигнеме до Европското првенство“ – изјави Ангеловски.

Следно за Македонија е полуфиналето во Лигата на Нации кога во март во Скопје гостува Косово преку кого сакаме финале и пласман на ЕУРО 2020.

GOLD
To Top