Новости

Фудбал

Ангеловски денеска со список за мечевите со Словенија и Полска

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, денеска на пладне ќе го објави списокот на играчи средбите со Словенија и Полска.

Ангеловски нема да може да смета на услугите на Енис Барди кој е повреден, можно е да биде на списокот но најверојатно нема да биде во комбинација.

Проблем на Ангеловски претставува и малата минутажа на дел од стандардните репрезентативци, Трајковски, Несторовски,Пандев…

Сепак, кога станува збор за националниот тим, сите повикани репрезентативци, секогаш го даваат максимумот без разлика на настапите во клубовите.

Македнија во квалификациите за ЕП 2020 во моментов е на 4. место во групата Г со 8 бодови, прва е Полска со 13 бода, следуваат, Словенија со 11, Австрија со 10, зад Македнија е Израел со ист број на бодови, последна е Летонија без бодови.

Натпреварот со Словенија го играме во Скопје на 10 октомври, треи дена подоцна се среќаваме со Полска во Варшава.

GOLD
To Top