Новости

Фудбал

Аргентивецот во проблеми: Меси веќе не смее да влезе во Велика Британија?

Велика Британија преку референдум донесе одлука дека повеќе нема да биде членка на Европската унија (ЕУ) и се очекува оваа одлука да биде спроведена наскоро.

Граѓаните на Велика Британија решија дека сакаат да ја напуштат ЕУ, а Брегзит ќе создаде голем хаос во светот на фудбалот. Англиските медиуми го зедоа за пример Лионел Меси на кого Брегзит ќе му создаде голем проблем.

Имено, доколку Велика Британија ја напушти Европската унија, тогаш Меси нема да може да игра во во Англија. Политиката е таква со која жителите на земјите од ЕУ кои имаат проблеми со законот или се осудени нема да можат да влезат во Велика Британија, но и сите оние кои немаат пасош на државите на ЕУ, нема да можат да го сторат тоа.

Познато е дека Меси е прогласен за виновен за затајување данок во Шпанија каде што мораше да плати казна од околу 15 милиони евра. Меси избегна да оди во затвор, но оваа казна може да биде голем проблем за него во иднина.

Доколку Велика Британија ја напушти Европската унија наскоро, и Барселона игра натпревар против клуб од Велика Британија, тогаш Меси нема да може да влезе во оваа земја.

Постојат голем број неевропски фудбалери кои имаат проблеми со затајувањето данок и се прогласени за виновни. Сите оние кои немаат пасош нема да можат да играат на територија на Велика Британија.

УЕФА сигурно ќе се обиде да го реши овој проблем поради Лигата на шампионите и Лигата на Европа и веќе се обидуваат да најдат решение.

GOLD
To Top