Новости

Фудбал

Атлетико Мадрид и официјално го претстави своето најголемо засилување

Атлетико Мадрид веќе ги потврди трансферите на Фелипе и Ектор Ерера, но мадридскиот тим не застана на тоа.

„Јорганџиите“ преку специјално видео објавено на социјалните мрежи го претставија своето најголемо засилување во досегашниот тек од летниот преоден рок – станува збор за 19-годишниот талентиран Португалец, Жоао Феликс.

Атлетико Мадрид за услугите на младиот Португалец на Бенфика им исплатија дури 120 милиони евра, а повеќе детали околу неговиот договор засега нема.

GOLD
To Top