Новости

Фудбал

Аут за светските шампиони: Јужна Кореја ја победи Германија

Фудбалската репрезентација на Германија го заврши учеството на Мундијалот и како последни, светските шампиони од 2014 во групата Ф се враќаат дома со само три освоени бодови.
Фудбалерите на Јоаким Лев претрпеа сензационален пораз со 0:2 од Јужна Кореја во последниот натпревар во групата „Ф“ на Светското првенство во Русија. И двата погодоци беа реализирани во дополнителното време – во 93-та Јонг-Гвон Ким беше прецизен за 1:0, а во 96-та Сон Хун-Мин го оформи крајниот резултат.
GOLD
SN Finansii
To Top