Новости

Фудбал

Баерн спреми 70 милиони за италијанската ѕвезда

Италијанските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен се вклучил во трката за ѕвездата на Фиорентина, Федерико Киеза.

За 21-годишниот крилен напаѓач се „тепаат“ најголемите италијански клубови, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Баерн Минхен.

Баварците спремаат реконструкција на тимот и еден од играчите кои ова лето скааат да ги донесат на „Алијанц Арена“ е токму Киеза. „Билд“ пренесува дека Баерн спремил богата понуда од 70 милиони евра и е спремен да започне преговори за Италијанецот.

Најсилен интерес за Киеза покажува италијанскиот шампион Јувентус, медиумите тврдеа дека „старата дама“ е во пол-позиција, но интересот на Баерн може да ги искомплицира работите.

Фиорентина за слободата на својата ѕвезда бара најмалку 70 милиони евра, а Баерн наводно е спремен да ја плати таа сума бидејќи во Италијанецот гледа идеална замена за Рибери.

За Киеза интерес покажувата уште Интер, Милан и Ливерпул, па сигурно ќе гледаме голема битка ова лето за неговиот потпис.

 

 

 

GOLD
To Top