Новости

Фудбал

Барди: Да се простиме со победа од првенството

Енис Барди кој ќе остане запишан како прв стрелец за Македонија на ЕП во фудбал, вели дека сите се максимално подготвени со победа да го крунисаат престојот во Полска .

„Загубивме од Шпанија а ремизиравме со Србија, сега нека дојде победа. Сите сакаме со триумф да го завршиме нашето дружење. Португалија е силен противник, но, со ангажирана игра можеме да ја победиме“ оптимистички е расположен Барди.

„Тие се навистина квалитетна репрезентација и ги респектираме апсолутно, но, не ги преценуваме. На теренот ќе се одлучи кој е подобар“ -вели нашиот фудбалер пред денешниот меч во Гдиња од 20.45 часот.

СН Брокер
To Top