Новости

Фудбал

Бешикташ демантира дека Адем Љајиќ е болен од коронавирус

Турскиот фудбалски клуб Бешикташ јавно ги демантираше шпекулациите на социјалните мрежи дека нивниот фудбалер Адем Љајиќ е болен од коронавирус.

Поранешниот српски репрезентативец бил болен, имал висока температура поради воспаление на крајниците. Клубот од Истанбул побара да не се шират вакви информации кои му штетат на фудбалерот.

-„Нашиот фудбалер Адем Љајиќ има воспаление на крајниците и висока температура, што беше утврдено по испитувањата во болница. Потоа фудбалерот беше на боледување. Тој моментално е во стабилна здравствена состојба. Најљубезно ве молиме на социјалните мрежи да не се шират информации дека Љајиќ е болен од коронавирус“, стои во соопштението на Бешикташ.

Фудбалерот веќе се чувствува добро и почнал со индивидуални тренинзи.

GOLD
To Top