Новости

Фудбал

Бејл донел одлука: Ќе го напушти Реал

Герет Бејл не бил среќен во Реал Мадрид, а поради тоа што не бил во добри односи и со соиграчите, тој донел одлука да го напушти клубот.

Шпански „АС“ тврди дека Бејл донел конечна одлука да го напушти Реал Мадрид по крајот на оваа сезона, а со оглед на тоа што на последните два натпревари стартуваше како резерва, тоа најдобро говори за неговата ситуација во клубот.

Бејл не успеа да се снајде во Мадрид, па не би имал ништо против да се врати назад во Англија, од каде што во 2013-та година пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ како големо засилување од Тотенхем за 99 милиони евра.

Крилниот напаѓач со Реал освои четири титули во Лигата на шампионите, имаше доста успешни сезони зад себе, меѓутоа се чини дека речиси сигурно е дека по оваа сезона тој ќе го напушти Мадрид. Како негова идна дестинација се споменува Манчестер Јунајтед.

GOLD
To Top