Новости

Фудбал

Билетите за Македонија – Гибралтар од денеска во продажба

Од денес во продажба се пуштени билетите за последниот натпревар на македонската репрезентација во рамки на новото УЕФА натпреварување, Лига на Нации. Игор Ангеловски и неговите избраници на 19. ноември (20.45 часот) го пречекува Гибралтар на Арена „Филип Втори“.

Билетите за натпреварот по цена од 100 и 150 денари, и од денес можат да се купат на продажното место на ФФМ во Скопје Сити Мол и низ повеќе градови во Македонија.

Доколку сте заинтересирани за купување на ВИП билети, истите се достапни по цена од 1000 денари низ продажната мрежа.

Евротип
Евротип
To Top