Новости

Фудбал

Битолчанецот Гроздановски ново засилување на Силекс

Силекс го донесе и шесттото засилување за следната сезона.

Нов фудбалер на кратовци од денеска е досегашниот централен дефанзивец на Гостивар, битолчанецот Христијан Гроздановски.

25-годишниот Гроздановски, поранешен фудбалер на Новаци и ФК Царев Двор, треба да ја засили одбранбената линија на составот на Жикица Тасевски, како дополнение на претходните засилувања во дефанзивата Филип Миленковски и Стефан Коцев.

Нови имиња од претходно, како што е познато, во дресот на Силекс е и српскиот голман Спасоје Стефановиќ, францускиот интернационалец Мбела и офанзивецот Дарио Десниќ.

GOLD
To Top