Новости

Фудбал

„Бомба“ од Шпанија: Алегри се сели во Барселона

Масимилиано Алегри после цели пет години го напушти кормилото на Јувентус и ова лето сигурно ќе биде еден од набараните тренери во Европа.

„Кога ќе имам можност, ќе се вратам на клупата. Во спротивно ќе земам една година одмор. Ако имам шанса, ќе го изберам тимот кој ми се допаѓа. Конкретни понуди нема, па бесмислено е да се зборува за иднината“, истакна Алегри после последниот меч на клупата на „бјанконерите“.

Изминатите денови медиумите пишуваа дека најверојатна дестинациј на трофејниот Италијанец ќе биде Премиер лигата, но денес од Шпанија пристигна „бомбастична“ вест.

Имено, Алегри го чека расплетот на ситуацијата во Барселона и би можел да се пресели на „Камп Ноу“.

Валверде го продолжи договорот со Барселона за уште 12 месеци, но по неуспехот во Лигата на шампионите и особено по киксот во финалето од Купот неговата позиција е сериозно разнишана.

Каталонците размислуваат за промена на тренерот, а доколку се случи тоа, тогаш Алегри би бил една од првите опции.

GOLD
To Top