Новости

Фудбал

Бразилски фудбалери туркаа возило на Брза помош, кое не палеше

На едно од дерби мечевите во бразилското првенство меѓу Фламенга и Васко видена е бизарна сцена.

Двајца домашни фудбалери се судрија, а подебелиот крај го извлече Бруно Силва. Тој беше потешко повреден, лекарите му укажуваа прва помош, а потоа мораше да биде префрлен во болница. Стигна возилото на брза помош, Бруно Силва беше пренесен во него, но возилото не сакаше да запали!

Веднаш реагираа играчите на двата тима кои го туркаа, тоа набрзо запали и го пренесе повредениот фудбалер во болница. Мечот заврши без победник 1-1.

GOLD
To Top