Новости

Фудбал

Бундеслигата очекувано ја продолжи суспензијата до 30-ти април

Управниот одобор на Германската фудбалска федерација одлучи да ја продолжи суспензијата на првата и втората Бундеслига најмалку до 30-ти април поради пандемијата од коронавирусот. Првичната суспензија беше до 2-ри април, но истата е продолжена поради ширењето на вирусот во Германија.

Последен натпревар кој се одигра во Бундеслигата е на 8-ми март, и од тогаш не се играат редовни кола заради пандемијата од коронавирусот.

GOLD
To Top