Буфон стои зад коментарите – „Повторно би го рекол истото“

Легендарниот голман и капетан на Јувентус, Џанлуиџи Буфон вели дека стои зад коментарите кои ги даде после натпреварот против Реал, врзани за судијата Мајкл Оливер.
Буфон беше исклучен откако судијата покажа на белата точка во 93-та минута. Буфон реагираше многу жестоко и заработи исклучување, а после натпреварот рече дека Оливер „Наместо срце има вреќа со ѓубре“.
„Содржината останува иста и стојам зад се што сум рекол“, изјави капетанот на Јуве за италијанска телевизија и додаде:
„Повторно би го рекол истото“.
