Новости

Фудбал

ВИДЕО: Несторовски повторно стрелец, Палермо во позитивна серија

Илија Несторовски уште еднаш постигна важен гол за Палермо, екипа која денеска гостуваше кај Беневенто во дерби натпревар од италијанската Серија Б и го доби овој дуел со 1:2.

Македонскиот репрезентативец го отвори резултатот во 42. минута, продолжувајќи ја својата голгетерска серија, а во продолжение Пушкаш зголеми и го направи помалку важен единствениот погодок на домаќините од 90. минута за конечни 1:2.

За Палермо ова е важна победа над Беневенто, кој засега заостанува шест бодови на четвртото место, додека составот од Сицилија е трет со еден бод помалку од Лече, екипа која има натпревар повеќе. Нашиот втор репрезентативец во Палермо, Александар Трајковски, остана на клупата на оваа средба.

GOLD
To Top