Новости

Фудбал

ВИДЕО: Потресни сцени на тренингот на Нант: Халилхоџиќ и фудбалерите во солзи

Британските служби попладнево се одлучија да ја прекина потрагата по Емилијано Сала кој беше во малиот авион што понеделникот се сруши на пат од Нант кон Кардиф. Аргентинскиот фудбалер потпиша договор со Кардиф вреден 17 милиони евра, но на својата крајна цел не успеа да стигне.

Официјалните лица се убедени дека Аргентинецот и пилотот не успеале да го преживеат падот на авионот… Таа вест донесе и потресни сцени и на тренингот на Нант каде со неверување ја примија информацијата дека потрагата е прекината.

„Сега мора да останеме обединети, солидарни. Тешко е да се работи во овој момент, но ја делиме сите заедно тагата. Сите се собравме, разговараме. За мене ова е најтешкио момент во спортскиот живот. Ќе ја почитуваме неговата фамилија која се уште нема потврда за смртта, така да надежта се уште постои колку и да е мала. Чекаме чудо и се надеваме дека ќе се случи. Поради тоа не сакаме да му оддадеме почит, ниту ќе има минута молк. Се додека неговата смрт официјално не биде потврдена ние ќе чекаме“ – кажа емотивниот тренер на Нант, Вахид Халилхоџиќ на денешниот тренинг на тимот, пред насобраните навивачи.

А, веста најмногу го погоди напаѓачот на Гана, Мајед Ворис кој плачеше за цело време на говорот на Ваха…

Нант на социјалните мрежи објави и фотографија од транспарент кој го оставиле навивачите.

„За семејството, за Емилијано…. Се надеваме и натаму“ – порачуваат од францускиот клуб.

https://twitter.com/FCNantes/status/1088456578305380353

GOLD
To Top