Новости

Фудбал

Вардарци веќе тренираат за европскиот предизвик

10Македонскиот фудбалски шампион Вардар ги започна подготовките за новата сезона и квалификациите за ЛШ. И покрај тоа што попладнево над Скопје имаше невреме проследено со многу дожд и град, сепак вардарци го одработија првиот тренинг. Да се надеваме дека овој дожд ќе им донесе бериќет на фудбалерите на Вардар во обидот да обезбедат пласман во следното коло од ЛШ. Стратегот на Вардар Гоце Седлоски, го имаше првиот собир со своите фудбалери и сака конечно да се мине првиот квалификациски филтер за нашиот тим во Европската фудбалска елита.

„Верувам во моите играчи. Знаеме дека нема лесен противник во ЛШ, сите се тешки, но сепак наша работа е да се прикажеме во што подобро светло и да го минеме ова коло. Цела година се мачевме да ја освоиме шампионската титула, тоа го направивме со голема разлика, а сега на ред е Европа каде не чекаат најмалку два меча. Сакаме на крајот да бидат во наша корист“, изјави Седлоски.

Екипата ќе тренира во Скопје до недела, а потоа заминуваат во Австрија, во базата која неколку години наназад е редовна база на вардарци Бад Татцмансдорф каде ќе останат до 2. јули. Се очекува во овој период Вардар да одигра неколку пријателски натпревари, а противниците дополнително ќе бидат објавени.

Евротип
SNBROKER
To Top