Новости

Фудбал

Вардарци спремни за изненадување во Малме

Вечерва фудбалерите на Вардар на теренот на „Сведбанк“ стадионот го играат првиот натпревар против Малме од второто квалификациско коло од Лигата на Шампионите. Изминатите неколку години Вардар играше добро, но не успеваше да го помине ова коло и да се пласира во следното.

Некако како да е ова проколната граница за нашите клубови во ова натпреварување. Дали конечно може Вардар може да да ја помине оваа бариера, сигурно ќе видиме на реваншот во Струмица. Инетерсно е тоа што во претходните три обиди , Вардар играше одлично на првите средби, против Бате Борисов, Апоел и Динамо Загреб, но не успеаваше во раваншот да постигне резултат кој ќе го однесе во 3.коло од ЛШ.

Синоќа Вардар го имаше официјалниот тренинг на стадионот „Сведбанк“ во Малме, а од оние кои отпатуваа за Малме повредени играчи нема, што значи сите конкурираат за настап на вечерашниот натпревар. Од пријавените играчи за настап во ЛШ, поради повреди во Скопје останаа Дарко Велковски и Џамбул Џигаури.

Натпреварот кој ќе се игра вечерва е прв официјален меѓу Малме и Вардар во историјата. Сепак Вардар има одиграно пријателски натпревар со Малме и го совлада противникот со 3:1 во меч кој што се играл во далечната 1952 година, а бил одигран во Скопје. Посакуваме така да биде и вечерва или пак на реваншот во Струмица, но на крајот нашиот шампион да се радува на пласман понатаму.

Евротип
Евротип
To Top