Новости

Фудбал

Вардар го елиминира Малме од Лигата на шампионите

Фудбалерите на Вардар изборија пласман во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, откако во реваншот од втората рунда го совладаа Мале со 3-1 (0-1). Првиот натпревар одигран минатата среда во Малме заврши без победник 1-1

Вардар на стадионот „Младост“ во Струмица успеа да слави во меч од Лигата на шампионите прв пат по 2003 година (триумф над ЦСКА Москва) и по два неуспешни обиди да го мине второто квалификациско коло во елитното натпреварување.

 

Противник на Вардар во наредната рунда најверојатно ќе биде Копенхаген. Данскиот првак во првиот меч, како гостин, славеше на Жилина со 3-1.

Евротип
SNBROKER
To Top