Новости

Фудбал

Вардар го победи Шкупи и закажа четвртфинале со Шкендија

Фудбалерите на Вардар го совладаа Шкупи со 2-0 во реванш осминафиналниот меч од националниот куп и се пласираа во четвртфиналето.

По ремито 1-1 на првиот меч, „црвено-црните“ успеаја да слават на дуелот во Ѓорче Петров и со тоа да обезбедат двомеч со Шкендија за пласман во полуфиналето.

Бобан Николов погоди за водство од 1-0 во 63. Минута, додека Максимов ги постави конечните 2-0 на десетина минути пред крајот на дуелот.

Евротип
Евротип
To Top