Новости

Фудбал

Вардар моли да игра европски натпревари на „Филип втори“

Македонскиот фудбалски шампион, Вардар бара дуелите од квалификациите од Лигата на шампионите да ги игра на домашен терен а не на алтернативен поради Супер купот на Европа.

„Одлуката Националната Арена да биде недостапна се до одигрувањето на Супер-Купот во август, носи голем ризик нашите најважни натпревари кој што сите со нетрпение ги очекуваме, да бидат одиграни некаде на друго место па, дури и во друга држава .Со таа одлука ни е скратена можноста рамноправно да се бориме со противникот во Лигата на шампионите и да ја исполниме нашата главна цел“ се вели во соопштението на „црвено-црните“.

-Во изминатите години вложувавме за да видиме еден успешен Вардар во Европа. За да го исполниме нашиот и воедно сонот на многумина љубители на Вардар, ќе треба да играме на нашиот стадион а не на неутрален терен.Дозволете ни да играме на „Арената” во Скопје. Се друго за нас ќе претставува голем хендикеп со кој огромни загуби трпи клубот, фудбалот, спортот и Република Македонија“, се вели во дел од соопштението на ФК Вардар.

 

GOLD
To Top