Новости

Фудбал

Вардар по победа над Работнички, за да не му избега Шкендија

По 12 дена пауза поради репрезентативните обврски на Македонија, крунисани со пласман во плејофот за Евро 2020, клупскиот макеоднски фудбал денеска ви започнува завршните десет фудбалски денови од прволигашката елита во есенскиот дел со вонредното 15-то коло во кое соседското дерби Вардар – Работнички во Маџари ќе биде во центарот на вниманието.

Вардарци кои прокоцкаа седум бода предност и сега веќе се три зад првакот Шкендија, ќе мора да се вратат на победничкиот колосек, дури и во најтешкиот период кога силите се пред крај, проблемите како голем товар на грбот (околу средувањето на состојбата во клубот со долговите), но црвено-црните пред себе имаат ривал кј многу често знаел да им направи проблеми. Нуту Работнички не е на некое високо ниво, игрите од коло во коло се топло-ладно, па и за дебармаалци мечот е шанса за да се започне победнички марш за што подобра стратна позиција за пролетниот дел од сезоната и разврската за местата во Европа. За Вардар, пак, враќањето на победите е одржување на чекор со Шкендија и да не се дозволи тетовци уште повеќе да се одлепат, па со поголема предност да влезат во вториот дел од сезоната од средината на февруари.

Кога е соседското дерби на програмата веќе со години има правило дека подобриот на хартија не победил, а сега кога силите се релативно израмнети, неизвесноста е поголема. Тоа што е интересно во последните пет меча кога домаќин бил Вардар, победила екипата која дала гол, зашто дури четири од петте меча завршиле минимално со 1-0 (една победа на Работнички, три на Вардар), а во овој период вардарци имаат уште тримф со 2-0. Ако се гледа какви услови нуди „Борис Трајковски“ во Маџари, особено по три дена врнежи од дожд на не така рамен и добар треен за игра и денеска нема да биде изненадување ако еден гол решава сè и носи три бода за еден од двата соседи.

Шкендија против Силекс ќе се бори да ја продолжи серијата на победи во Првата лига, ама ќе навива и за Работнички да му скине бод(ови) на Вардар за тетовци да направат уште поголема предност на табелата во трката за есенската круна. Во Ѓорче Петров, Македонија и Шкупи ќе се пресметаат за кој да исчекори кон првата половина на табелата, а во Турново, третата Академија Пандев е домаќин на петтата Победа во меч, кој може да биде исклучително интересен.

Во последниот меч во во Струмица, Беласица ќе бара бодови за да го напушти дното против сè подобрата Ренова, која во последното 14-то коло стигна и до четвртата позиција на табелата.

Со денешното коло започнуваат завршните 10 дена од есенската полусезона по што преостануваат уште три кола, в недела, па в среда и на крај идната недела на 2 демеври, со што ќе биде спуштена завесата од првиот дел од оваа сезона, а ќе остане да се одиграат само ревншите во четвртфиналето на Купот на 5 декември.

ДВОЈКИ ЗА 15. КОЛО (13 ЧАСОТ)

МАЏАРИ: Вардар – Работнички

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Македонија ЃП – Шкупи

ТРУНОВО: А. Пандев – Победа

СТРУМИЦА: Беласица – Ренова

ТЕТОВО: Шкендија – Силекс

ТАБЕЛА: Шкендија 31 бод, Вардар 28, А.Пандев 22, Ренова 19, Победа 17, Работнички 17, Македонија ЃП 16, Шкупи 15, Силекс 14, Беласица 14

GOLD
To Top