Новости

Фудбал

Вардар се засили со бразилскиот фудбалер Жуниор

Вардар го официјализираше првото засилување за овој преоден рок. Бразилскиот интернационалец Леовигилдо Жуниор Реис Родригез, е нов фудбалер на „црвено-црните“. Жуниор го стави потписот на договор кој е во траење на една година, со можност истиот да се продолжи на плус уште една година. Тој дојде од екипата на Македонија Ѓорче Петров, има 23 години и игра на позицијата лев бек.

„Среќен сум што станав дел од Вардар. Знам дека се работи за најдобриот клуб, најтрофејниот тим, и чест ми е што ќе можам да играм во Вардар“, вели Жуниор за официјалниот сајт на ФК Вардар.

 

GOLD
To Top