Новости

Фудбал

Вардар скокна до 201 место на УЕФА ранкингот

Според последниот ранкинг кој излезе од европската куќа УЕФА, актуелниот македонски шампион Вардар се најде на 201. место.

Клубот успеа да скокне за неверојатни 54 места и од 255 место, на кое се наоѓаше минатата сезона, успеа да стигне до овој највисок историски пласман.

Овој скок, се должи на резултатите од квалификациите за Лигата на шампиони и пласманот во групната фаза на Лига Европа.

Според ова, ,,црвено-црните” успеаа да се најдат пред сите останати македонски тимови кои се наоѓаат на ранкгингот кој секоја година го спроведува УЕФА.

Евротип
Евротип
To Top