Новости

Фудбал

Вардар спремен за предизвикот наречен Реал Сосиедад

Македонскиот фудбалски шампион Вардар ги одработува планираните тренинзи како дел од подготовката за дуелот против Реал Сосиедад во Лигата на Европа.

„Црвено-црните“ во четврток го играат третиот натпревар од премиерниот настап во групната фаза од Лига Европа.

Во убава атмосфера фудбалерите на Вардар го очекуваат овој натпревар и веруваат дека може да дојдат до првиот бод или бодови и покрај тоа што играат против екипа која доаѓа од Шпанија

„Првиот меч изгоревме во желбата за победа против Зенит и го загубивме тој натпревар, вториот со Розеборг го одигравме подобро, па мислам дека е време да се дојде до бод или бодови во Лига Европа. Реал Сосиедад поседува голем квалитет и игра отворен фудбал. И дава голови и прима. Се надевам дека ќе ги најдеме нивните слаби страни во одбраната и дека ќе успееме да го најдеме патот до нивната мрежа. Желба ни е да победиме на оваа средба, лично, повредата е зад мене и подготвен сум за настап, но тренерот одлучува дали ќе играм“, изјави Бобан Николов.

Евротип
Евротип
To Top