Новости

Фудбал

Вардар уште не може да го регистрира Максим Максимов во Лига Европа

Македонскиот шампион Вардар се уште не може да го регистрира новото засилување Максим Максимов за својот тим во пресрет на стартот на Лигата на Европа. Според последните информации од клубот, Тракаи, сега веќе поранешниот клуб на младиот Русин, не дозволува издавање сертификат за трансфер на играчот.

Вардар сака уредно да ја плати клаузулата од неговиот договор, но Тракаи се спротивставува на некакво нелегално преземање на играчот, па случајот оди кај ФИФА.

Засега е неизвесно дали „црвено-црните“ ќе успеат да го добијат младиот напаѓач за првиот меч од групната фаза на 14 септември со Зенит во Скопје.

Евротип
Евротип
To Top