Новости

Фудбал

Вардар ја освои Струмица, само бод за Пелистер против Шкупи

Вардар ја продолжи серијата на победи во Првата лига, откако во Струмица славеше против Академија Пандев со 0-2 (0-1). Вардар дојде до водство во судиското надополнување. Почна да тече втората минута од продолжението, Хамбарџумјан нафрли од десната страна, а Максимов со глава од 3-4 метри погоди во долниот десен агол од голот на Вујанац, за водство на „црвено-црните“ после кое следуваше крај на првиот дел.

На две минути пред крајот на средбата после една акција по средината, Фелипе го проигра Стојков кој што излезе сам пред голот, и погоди во долниот десен агол.

17- коло.

Академија Пандев -Вардар 0-2

Силекс – Работнички 2-1

Пелистер – Шкупи 2-2

Скопје- Победа 0-1

Ренова – Шкендија 1-6

Евротип
SNBROKER
To Top