(Видео) Дали пеналот во 93-та минута за Реал е еден од најконтроверзните моменти во Лигата на шампиони?

Јувентус беше на прагот на сензација, но сонот се сруши во 93-та минута кога англискиот судија досуди пенал за Реал Мадрид…
Англискиот судија, Мајкл Оливер им заби нож в срце на навивачите и играчите на „Старата дама“, досуди пенал и предизвика бес, гнев и неверување.
Обично смирениот Буфон, овојпат не остана смирен, сите играчи се собраа околу судијата, кој остана на својата одлука, а на Буфон му покажа црвен картон.
Шчешни беше немоќен против ударот на Роналдо, кој го однесе Реал во ново полуфинале.
Погледнете го можеби еден од најконтроверзните моменти во Лигата на шампиони:
