Новости

Фудбал

Видео: Роналдињо од затвор, ќе ве запознае со новиот напаѓач во тимот, Пабло..

Како што знаете, Роналдињо овие денови ги поминува во затвор во Парагвај. Таму Бразилецот исто така наоѓа време за фудбал, па победи на турнир на кој учествуваа затвореници и доби печено прасе како награда за најдобриот играч.

Сега легендарниот Бразилец објави видео, каде што зборува со неговиот цимер во ќелија.
“Здраво на сите таму, сите мора да бидиме семејство. Јас сум тука со мојот тимски колега, со новиот напаѓач Пабло. Тој игра навистина добро. Ние секогаш ќе играме заедно”, рече Роналдињо.

Прославениот ас на Барселона, Милан и ПСЖ ќе мине шест месеци во затвор за нелегално влегување во Парагвај со лажен пасош.

GOLD
To Top