Новости

Фудбал

Вистински спектакл на Роби Вилијамс на отворањето на Светското Првенство 2018

Роби Вилијамс вели дека минал многу во својата кариера, но никогаш не бил повозбуден отколку на настапот на отворањето на Светското Првенство во фудбал 2018.

Денес се случи отворањето на Светското Првенство во фудбал 2018 на стадионот Лужники во Москва, Русија и тоа е причина за прослава низ целиот свет.

На свеченото отворање настапи Роби Вилијамс со три негови хитови. За настапот пејачот изјави дека му е вистинска чест и задоволство што е дел од едно вакво незаборавно шоу и е навистина среќен што настапи пред 80.000 фанови на стадионот и милиони и милиони пред ТВ екраните ширум светот.

Роби Вилијамс беше придружен од Аида Гарифули, а до нив стоеше и маскотата на првенството.

Првиот фудбалски натпревар е помеѓу Русија и Саудиска Арабија.

ФИФА најави дека годинава на отворањето ќе има поголем акцент на музичките изведби и навистина го исполни ветувањето.

 

Evrotip
Евротип
To Top