Новости

Фудбал

Гвардиола: Наполи беше одличен, горди сме што доминиравме

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не крие дека е импресионоран од играта на Наполи на вчерашниот меч во 3 коло во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ славеа минимално со 2 спрема 1 а италијанците во првиот дел промашија пенал.

„Очекував да ни биде тешко, тие играа со кратки додавања и правеа пресинг во нашата половина. Порано како фудбалер а сега како тренер никогаш не сум видел тим како Наполи. Ако продолжат на тоа ниво можат да стигнат далеку, горд сум на моите играчи. Дали мислите дека игравме против група на деца? Тоа беше Наполи, тие се на врвот во Серија А, не можеш да доминираш против нив 90 минути. Горди сме на тоа што го направивме“ вели шпанскиот тренер.

GOLD
To Top