Новости

Фудбал

Гвардиола донел одлука околу неговата иднина!

Медиумите од Британија пренесуваат дека Пеп Гвардиола на фудбалерите им ветил дека нема да замине од Манчестер Сити, и ветил дека останува дури и клубот да биде исфрлен во четврта лига. Поради прекршување на правилата за финансиски фер плеј, УЕФА го казни Сити со забрана за настап во Европа во сезоните 2020/21 и 2021/22, како и парична глоба од 30 милиони евра. Шпанецот во саботата им се обратил на играчите со барање да останат фокусирани на натпреварувањата во кое се бори клубот во моментов.

Без настап во Лигата на шампионите, „граѓаните“ ќе останат покуси за повеќе стотици милиони, и веројатно ќе треба да продаваат за да ги балансираат сметките. Исто така клубот може да биде казнет и од раководството на Премиер Лигата. Се говори за одземање бодови, губење на освоените титули од минатите сезони па дури и исфрлање во четврта лига.

GOLD
To Top