Новости

Фудбал

Грнчаров: Вардар мора да го нападне Копенхаген

Македонскиот фудбалски шампион Вардар вечерва од 20 часот на Националната арена во Скопје го пречекува ФК Копенхаген во првиот меч од 3. коло во квалификациите за Лигата на шампионите. По одличниот двомеч со Малме, „црвено-црните“ сега пред себе имаат уште еден скандинавски ривал против кого треба да се одигра силно за да се дојде до добар епилог.

Капитенот Бобан Грнчаров најави дека Вардар денеска мора да игра поофанзивно, да игра на гол повеќе и да победи макар со еден разлика.

„Имаме противник кој што скоро секоја година игра во групната фаза во Европа, и сметам дека се за една класа се подобри од Малме. За да ги победиме, мора да играме како вторите 45 минути на оној натпревар во Струмица. Мора да нападнеме и да дадеме гол. Вардар треба да нападне, а, не да се брани“, порача Грнчаров.

И капитенот и тренерот Седлоски ја потенцираа помошта која ја очекуваат од трибините. Најавите велат дека 10.000 навивачи вечерва ќе бидат на трибините на Националната арена да му помогнат на Вардар да дојде до победа.

Евротип
SNBROKER
To Top